Кадетскиот тим на македонскиот фудбалски клуб Вардар извојува значајна победа над големиот ривал Црвена Звезда со резултат 3-1 на меѓународниот турнир што се одржува во Фоча, Босна и Херцеговина. Избраниците на тренерот Влатко Грозданоски одиграа дисциплинирано и борбено, при што блескаа со одлична тимска игра и реализираност. Стрелци на головите за Вардар беа Петар Тодоровски, Христијан Јевтоски и Андреј Цветковски, …