
Кристијано Роналдо наскоро ќе го прослави својот 41. роденден, но сѐ уште останува посветен на тренинзите како на почетокот од својата кариера.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Познатиот португалски фудбалер низ целата своја кариера е во завидна физичка форма, и токму заради своите извонредни физички предиспозиции, работна етика и талент, Роналдо си обезбеди место меѓу најголемите имиња во историјата на фудбалот, заедно со Лионел Меси.
Дека и во петата деценија од животот продолжува интензивно да тренира секојдневно покажа со најновата фотографија на Instagram, со која ги воодушеви своите обожаватели.
Роналдо позираше во боксерки во својата теретана, а под фотографијата напиша: “по сауна”.
Неговото извајано тело, на кое се забележуваат сите мускули, веднаш го привлече вниманието на сите фанови, па не е изненадување што фотографијата за неколку минути собра милион лајкови.