Манчестер Јунајтед го засилува својот интерес кон напаѓачот на Астон Вила Оли Воткинс. “Црвените ѓаволи” со сигурност сакаат да привлечат уште еден нов напаѓач ова лето, надевајќи се дека тоа ќе биде голгетерот на Спортинг Лисабон, Виктор Ѓокереш. Последните информации велат дека Швеѓанецот постигнал договор со Арсенал. Заради ова, од “Олд Трафорд” се решиле да преземат конкретни чекори за ангажирање на Воткинс, пренесува “Мирор”. …