Манчестер Јунајтед утре ја дочекува Валенсија во второто коло од Лигата на шампиони, а денес во тренинг центарот беше напнато. Имено, Погба при доаѓањето во тренинг центарот се ракуваше со членовите на стручниот штаб, а потоа само помина покрај Мурињо и си поигра со топката . Веќе неколку недели трае голема тензија помеѓу менаџерот и најскапиот фудбалер на Манчестер Јунајтед. …

