Дома Фудбал Италија Пјаниќ: Не треба да го потценуваме Манчестер Јунајтед!

Пјаниќ: Не треба да го потценуваме Манчестер Јунајтед!

Плејмејкерот на Јувентус, Миралем Пјаниќ предупреди дека потценувањето на Манчестер Јунајтед може скапо да ја чини „старата дама“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во среда Јувентус го пречекува Манчестер Јунајтед во скоп на Лигата на шампиони и е голем фаворит, но сепак Пјаниќ тврди дека „црвените ѓаволи“ не смеат да се потценат.

„Игравме многу добро во Англија и можевме да постигнеме повеќе голови. Да се надеваме дека тоа ќе се случи во Торино. Но, не треба да заборавиме дека Манчестер е многу сериозен тим со одличен тренер“.

„Имаат фудбалери кои можат да го решат мечот во секој момент. Не треба да ги потценуваме. Нашата цел е освојување на Лигата на шампиони, но патот е долг“, заклучи Пјаниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Уништува сè пред себе: Инфантино донесе одлука која ќе го разбесни светот на фудбалот

Првиот човек на Светската фудбалска федерација (ФИФА) Џани Инфантино најави дека паузите з…