Дома Фудбал Англија Матиќ приредил драма во соблекувалната: Ми ја бомбардиравте земјата, нема шанси ова да го носам!

Матиќ приредил драма во соблекувалната: Ми ја бомбардиравте земјата, нема шанси ова да го носам!

matic

Репрезентативецот на Србија и член на Манчестер Јунајтед беше единствениот во натпреварот помеѓу Бурнемоут и Манчестер Јунајтед кој не носеше цвет на градите со кој се оддава почит на загинатите англиски војници.

Овој потег разбесни многу во Британија.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што дознава „Телеграф“ повикувајќи се на извори од клубот, Немања Матиќ цветот го забележал пред почетокот на натпреварот.

Во тој момент запрашал: Што е ова? Кога му објасниле дека станувало збор за загинатите британски војници, но и на оние кои помагаа во НАТО мисиите одбил да го носи таквото обележје.

matic

Тогаш Матиќ го отстранил цветот и го фрлил на подот.

„Ми ја бомбардиравте земјата, нема шанси ова да го носам. Ако треба, спремен сум веднаш да го напуштам клубот и Англија“, им соопштил Матиќ на луѓето од клубот.

Со оглед на тоа дека играчите не се обврзани да го носат тој симбол на Матиќ му било дозволено да излезе без спорното обележје на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…