Дома Фудбал Италија Рома во тесно, четири клуба го контактирале Мончи

Рома во тесно, четири клуба го контактирале Мончи

Спортскиот директор на Рома, Мончи, се наоѓа на мета на европските великани кои се борат за него како да е во прашање еден од најдобрите светски играчи.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мончи беше одличен додека беше на местото спортски директор на Севиља, а после тоа со исто темпо продолжи и во Рома. Меѓутоа, сигурно во римскиот клуб не очекувале толкав интерес за спортскио директор кој е на мета на повеќе европски гиганти.

Во последно време доста се шпекулира дека Барселона и Јунајтед го посакуваат во своите клубови што го потврди и Рома. Сепак, италијанските медиуми сега пренесуваа дека во целата приказна се бклучуваат уште два клуба.

Наводно, покрај Барса и Јунајтед овој спортски директор го посакуваат ПСЖ и Атлетико Мадрид. Во договорот на Мончи постојат две клазули, а една од нив е да може да ја напушти Рома доколку постигнат договор со клубот за раскин на договорот. Но, тешко е дека од Рома ќе добие согласност.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Овој Мундијал може да биде најефикасен досега, причина е топката!

Светското првенство во фудбал започна со 121 гол во првите 40 натпревари, што е скоро четв…