Дома Фудбал Останато Дали ова е причината зошто Матиќ не сакал да оддаде почит на англиските војници?

Дали ова е причината зошто Матиќ не сакал да оддаде почит на англиските војници?

Немања Матиќ беше единствен на натпреварот помеѓу Бурнемоут и Манчестер Јунајтед (1:2) кој на градите на дресот немаше цвет со кој традиционално во Англија се оддава почит на англиските војници од Првата светска војна.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На дресот на Матиќ јасно може да се забележи дека цветот бил на дресот, но подоцна е отстранет.

Англиските навивачи веднаш кренаа прашина, како и медиумите на Островот и се појавија првите информации зошто Матиќ не го носел цветот на дресот.

matic

Матиќ само кратко порача дека тоа е поради приватни причини, додека од Јунајтед не сакаа да се мешаат во индивидуалните одлуки на играчите. На Остреовот тврдат дека една од причината би можело да биде НАТО бомбардирањето на Србија во 1999 година, во кое учествуваа и англиските војници.

Збунувачки е само што Матиќ во минатите години го носеше ова обележје.

Како и да е фудбалерите не се обврзани да го носат таквиот симбол, па поради тоа Србинот и нема да добие казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов кандидат излезе во прв план за нов тренер на Ливерпул!

Арне Слот би можел да ја напушти клупата на Ливерпул една година пред истекот на договорот…