Словенецот прво доживеа сосема неочекуван трејд од Далас до Лос Анџелес Лејкерс, а потоа тој тим го заврши натпреварувањето веќе во првата рунда на плеј-офот. Сето тоа негативно влијаеше на Дончиќ, барем така тврди Тим Мекмахон, новинарот на „ЕСПН“ кој е задолжен за НБА. Мекмахон се вклучи во живо во програмата на телевизијата „Ен-Би-Си“ за да зборува за актуелните случувања. …