Дома Кошарка Уште еден неверојатен настап на Дончиќ: Лејкерс запишаа седма победа по ред (Видео)

Уште еден неверојатен настап на Дончиќ: Лејкерс запишаа седма победа по ред (Видео)

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја постигнаа седмата последователна победа, откако претходната ноќ ги совладаа Њу Орлеанс Пеликанс со резултат 133:121.

Херојот на триумфот повторно беше незапирливиот Лука Дончиќ, кој дури 20 поени постигна веќе во првата четвртина од натпреварот. Натпреварот го заврши со 34 поени, 12 скока и седум асистенции.

Лејкерси доминираа во првиот дел од натпреварот. По првата четвртина водеа со 46:27, а на одмор заминаа со убедливи 77:57. Тоа беше најголем број поени што ги постигнаа за полувреме оваа сезона.

Пеликанс го најдоа ритамот во третата четвртина, успеаја да го намалат заостанокот и последниот период од играта го започнаа со изводливи -11 (100:89). Сепак, тимот од ЛА во последната четвртина рутински ја задржа предноста и на крај заслужено победи.

Освен маестралниот Дончиќ, сјајна партија прикажа и Остин Ривс, кој натпреварот го заврши со 33 поени и осум асистенции, додека Деандре Ејтон имаше 22 поени и 13 скока.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спорот за селекцијата 3х3 прерасна во барање Димевски да замине од МОК

КФМ бара оставка од Даниел Димевски поради спорот околу изборот на репрезентацијата 3х3. Ф…