Дома Кошарка Лејкерс може да здивне: Познато кога ќе се врати Дончиќ

Лејкерс може да здивне: Познато кога ќе се врати Дончиќ

Тренерот на Лејкерси Џеј Џеј Редик истакна дека Лука Дончиќ би можел да биде во тимот за натпреварот против Филаделфија Севентисиксерс. Лос Анџелес Лејкерси се некое време без Лука Дончиќ, кој замина во Словенија поради раѓањето на детето и пропушти два натпревари по ред.

Бидејќи Дончиќ не е присутен, големо прашање во тимот е кога ќе се врати на теренот. Тренерот на Лејкерси во петок кратко изјави дека враќањето би можело да биде многу брзо.

Според зборовите на Дејв Мекменамин од „ЕСПН“, Редик изјави дека натпреварот против Филаделфија 76ерс сѐ уште е „можност“ и дека тимот ќе даде официјална потврда до сабота навечер.

Дончиќ оваа сезона игра на ниво на МВП. Тој е водечки во лигата со 35,3 поени по натпревар со 8,9 скока, 8,9 асистенции и 1,6 украдени топки. Шутра 47,8% од игра, 34,1% од далечина и 81,2% од линијата.

По натпреварот во Филаделфија, Лејкерси ќе имаат два дена одмор пред да бидат домаќини на Сан Антонио Спарси во четвртфиналето на НБА купот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Спорот за селекцијата 3х3 прерасна во барање Димевски да замине од МОК

КФМ бара оставка од Даниел Димевски поради спорот околу изборот на репрезентацијата 3х3. Ф…