Maкедонскиот атлетичар, Јован Стојоски сруши нов државен рекорд и ја помести границата на 400 метри со пречки. Стојоски успеа да го освои првото место на меѓународниот митинг во Марибор и трката 400 метри со пречки ја заврши за време од 53.65 секунди. Претходно рекордот поставен во 1980 годијна изнесуваше 55.11 секунди.