Дома Фудбал Навивачите на Динамо во Лигата на шампионите ќе навиваат за Црвена Звезда

Навивачите на Динамо во Лигата на шампионите ќе навиваат за Црвена Звезда

Екипата на Црвена Звезда последниот натпревар во Лигата на шампионите ќе го игра на домашен терен против холандски ПСВ, а во овој натпревар ќе имаат поддршка и од навивачите на Динамо Загреб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Секако, причина не е желбата на Хрватите за успех на Звезда туку ситуацијата на Динамо во битката за место помеѓу првите 24 екипи во елитата.

Сценарио кое му одговара на Динамо за место во плеј-офот е следново: Штутгарт не смее да победи на гостувањето кај Слован и мора да загуби од ПСЖ, додека Звезда мора да слави над ПСВ, а потоа холандскиот тим да претрпи пораз и од Ливерпул во последното коло.

Од друга страна Динамо во последните две кола го чекаат тешки натпревари против Арсенал на гости и Милан на домашен терен, но сигурно дека „модрите“ нема да се откажат предвреме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погледнете што објави Роналдо пред Хрватска: Пораката има над 3 милиони лајкови (Фото)

Во ноќта од четврток на петок во Торонто, Хрватска и Португалија ќе играат натпревар од ос…