Ракометарките на Унгарија изборија драматична победа против Франција со резултат 25-24, освојувајќи го третото место на Европското првенство (ЕП).
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Натпреварот започна со изедначена борба, исполнета со неколку пресврти на двете страни. Во еден момент, Унгарките успеаја да направат мини-серија и да стекнат предност од 10-7. Сепак, француската репрезентација се врати во игра и до крајот на првото полувреме ја намали разликата на само еден гол, завршувајќи со 13-12 во корист на Унгарија.
Второто полувреме донесе уште поголема неизвесност. Франција постојано беше во потера по израмнување и успеа да направи пресврт во финишот, поведувајќи со 22-21. Но, Унгарија реагираше брзо и со решителна игра ја врати предноста, обезбедувајќи ја победата со минимална разлика.
Во редовите на победничкиот тим, Катрин Гита Клујбер се истакна со фантастични девет голови. За Франција, најпрецизни беа Фопа и Зади Деуна, кои постигнаа по четири погодоци.