Дома Фудбал Навивачите на Јувентус жестоко го навредија Влаховиќ, па тој одговори на Инстаграм

Навивачите на Јувентус жестоко го навредија Влаховиќ, па тој одговори на Инстаграм

Навивачите на Јувентус не се задоволни од настапите на нивниот напаѓач и српски репрезентативец Душан Влаховиќ, кој со неговиот тим одигра нерешено против Венеција во последното коло од Серија А.

Иако постигна гол, и тоа за израмнување во последните секунди на натпреварот, Влаховиќ доби навреди од навивачите на Јувентус, кои му викаа дека е „ус**ан играч на Фиорентина“.

„Јас го разбирам незадоволството од резултатите во последно време и имате секое право да го искажете. Секогаш ве почитував давајќи сѐ за дресот и ви благодарам за секојдневната поддршка. Сега е потребно да продолжите да навивате за тимот и да одиме повторно заедно“, порача фудбалерот до навивачите на „Старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета го пофали Јакировиќ, но порача: Хал мора да падне на „Емирати“

Пред денешниот дуел од 16 часот, тренерот на Арсенал предупреди на тимот што веќе го побед…