Дома Фудбал Флик го отпиша момчето кое го сметаа за наследник на Меси!?

Флик го отпиша момчето кое го сметаа за наследник на Меси!?

Фудбалер на Барселона, Ансу Фати, е изоставен од списокот на играчи за вечерниот натпревар со Леганес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ханси Флик има право да повика 23 играчи, а бидејќи поголем дел од играчите се вратија од повреди, денес Ансу Фати беше 24-ти.

Предност пред него има Пабло Торе, кој беше на списокот, додека Фати беше изоставен.

Со ова се потврдија претходните шпекулации дека Фати во зимскиот преоден рок ќе добие шанса да го напушти клубот и да оди на нова позајмица.

Фати во последните недели беше повреден, но оваа недела доби зелено светло за враќање на терен, сепак Флик одлучи да го изостави.

Фати во минатото го сметаа за наследник на Лионел Меси поради неговиот квалитет и способности, но повредите го спречија да напредува.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сипенга ја шокира Англија, Конго води! (Видео)

Репрезентацијата на ДР Конго уште по само седум минути игра успeа да поведе неочекувано пр…