Јувентус вечерва го игра натпреварот против Удинезе во рамките од осминафиналето на итлијанскиот куп. До водство „старата дама“ стигна во 16. минута со голот на Гонзало Игуаин. На голот на Игуаин му претходеше супер акција која ја режираа тој и Паоло Дибала. Двајцата Аргентинци со неколку брзи додавања ја „измешаа“ целата одбрана на гостите. Акција како од фудбалските учебници. via …
