Играчот за врска на Јувентус, Емре Чан побарал итен состанок со раководството на клубот бидејќи стравува дека може да го пропушти Европското првенство кое се игра во летото кое следи, пишува „Газета дело Спорт“.
Чан едвај да играше оваа сезона во Јувентус и воопшто не беше во составот за куп натпреварот против Удинезе во средата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Газета“ тврди дека тој е загрижен и побарал итен состанок со раководството на „стартната дама“ затоа што не сака да остане без настап на Европското првенство бидејќи факт е дека мора да игра ако сака да добие повик.
Чан сезонава запиша два настапи во Серија А, но само два пати беше стартер. Фудбалерот ќе бара поголема минутажа или дозвола да си замине до крајот на месецот.