
Сенегал го победи Мароко по продолженијата и хаосот кој од целиот натпревар направи сериозен скандал.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Брахим Дијаз стана трагичар на Мароко, кој беше домаќин на турнирот, бидејќи очајно изврши пенал на крајот од натпреварот и така го испрати мечот во продолженија.
Тоа се случи по долгата пауза која настапи откако репрезентацијата на Сенегал го напушти теренот.
Дијаз е обвинет за предавство од страна на јавноста во Мароко, а се појавија тврдења дека намерно не го искористил ударот од белата точка.
Се појави и „доказ“ кој тврди дека фудбалерот на Реал Мадрид тоа не го направил, но сега пристигнаа различни „докази“.
Се појави снимка од натпреварот и кадри кои наводно покажуваат дека на теренот бил направен договор Дијаз да не го искористи пеналот.