Дома Фудбал Рома испрати понуда за двајца од Тотенхем

Рома испрати понуда за двајца од Тотенхем

Рома испрати понуди за позајмицата на двајца играчи на Тотенхем – романскиот дефанзивец Раду Драгушин и францускиот напаѓач Матис Тел, во зимскиот трансфер период, објави “Газета дело спорт”.

Според информациите, Раду Драгушин веќе се согласил да се приклучи на италијанскиот клуб, но Тотенхем инсистира на обврзувачка откупна клаузула по позајмицата. Во меѓувреме, Матис Тел исто така покажал желба да игра повеќе и е спремен да се пресели во Рома.

23-годишниот Драгушин досега одиграл само еден натпревар од Премиер лигата оваа сезона, играјќи во последните пет минути. 20-годишниот Тел постигнал три гола во 15 натпревари од Премиер лигата, играјќи просечно по 35 минути на натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Биографијата на Панчев доби место меѓу подароците за Ренџерс

Горан Кипријановски ја подари книгата за Дарко Панчев при посетата на „Иброкс“. Во Ренџерс…