Дома Фудбал Се „тресе“ клупата: Гвардиола повеќе не е недопирлив и поради тоа сите го поставуваат истото прашање

Се „тресе“ клупата: Гвардиола повеќе не е недопирлив и поради тоа сите го поставуваат истото прашање

Статистика која до вчера се чинеше незамисливо денес е сурова реалност. Манчестер Сити губи, Пеп Гвардиола бара одговори, а времето тече. 

Пеп Гвардиола во последните 12 месеци доживеа дури 15 порази на клупата на Манчестер Сити.

Тоа е најголем број на изгубени натпревари во кој било едногодишен период од неговата тренерска кариера.

Човекот кој со години го редефинираше модерниот фудбал, доминираше во лигите и ги кршеше ривалите, сега се соочува со бројки што не го поштедуваат.

За тренер на рангот на Пеп, оваа статистика не е само аларм – тоа е сирена за тревога.

Манчестер Сити повеќе не изгледа непобедлив. Исчезна онаа карактеристична контрола на натпреварите, сигурноста во посед и осетот дека е само прашање на време кога ќе падне противникот.

Навивачите на Манчестер Сити, навикнати на трофеи и доминација, првпат сериозно ја доведуваат во прашање иднината на својот тренер.

На социјалните мрежи сè повеќе коментари го поставуваат истото прашање – дали Пеп ја изгуби соблекувалната?

Во модерниот фудбал, тоа е момент од кој ретко кој се враќа. Особено ако со години си бил синоним за авторитет, дисциплина и јасна хиерархија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…