Репрезентативката на Македонија, Леонида Гичевска кариерата ќе ја продолжи во Русија. Гичевска потпиша договор со рускиот клуб Лада Тољати каде што ќе настапува следната сезона. Во Русија, Гичевска пристигнува од Стинта Букурешт од Романија и сега е подготвена за нов предизвик. Во кариерата претходно македонската репрезентативка беше дел од Безансон и Самбре од Франција, хрватската Локомотива Загреб, а во Македонија беше дел …