Mакедонската репрезентативка Леонида Гичевска кариерата ја продолжува во четирикратниот француски шампион Безансон.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Гичевска во овој шампионат прави трансфер од екипата на Локомотива Загреб со која играше во Лигата на шампионите. За 24-годишната ракометарка ова нема да биде прво искуство во Франција затоа што веќе играше за Самбре-Авесноа и Ле Пузин.




„Среќна сум што пристигнувам во Безансон. Ова е клуб со долга и убава историја. Клубот има големи цели и задоволство ќе ми биде да играм тука и да го дадам најдоброто од себе, со нетрпение чекам да ја започнам авантурата“, изјави Гичевска.




Во овој момент Безансон е на седмото место во француското првенство, а во минатото четири пати ја освојувал шампионската титула.



