Aртуро Видал денес го комплетираше трансфер во редовите на Барселона. Чилеанецот денес беше претставен како нов фудбалер на каталонскиот гигант со кој потпиша договор на три години, што значи се обврза со Барса до 2021 година. Видал утрово ги помина медицинските прегледи, а кога доби зелено светло од докторите можеше да се премине на официјалниот дел од потпишувањето на договорот. …