Дома Трансфер зона Импресионираше на Мундијалот, а денес потпиша за Барселона!

Импресионираше на Мундијалот, а денес потпиша за Барселона!

Барселона е активна на трансфер пазарот и денес го официјализираше најновото засилување. Станува збор за млад сенегалски фудбалер кој импресионураше на Мундијалот – Муса Ваге.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Овој 19-годишен дефанзивец успеа и да постигне гол на Светското првенство, на мечот против Јапонија, а неговите одлични партии не останаа незабележано.

Денес Барселона и официјално потврди дека постигнала договор со Еупен за трансфер на Ваге и дека после лекарските прегледи и официјално ќе стане играч на каталонскиот клуб.

Ваге наводно во својата прва сезона ќе настапива за Барселона Б во втората лига, но со оглед на неговиот потенцијал не е исклучено оваа сезона да дебитира за првиот тим на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…