Aтлетико Мадрид официјално го потврди трансферот на Киеран Трипие од Тотенхем. Десниот бек на репрезентацијата на Англија пристигнува во Атлетико за сума од 24 милиони евра, а после успешните лекарски прегледи потпиша договор на три години. Трипие во Тотенхем пристигна во 2015 година за 4.9 милиони евра, а за Спарсите одигра 114 натпревари, постигна два гола и запиша 24 асистенции. …


