Дома Топ вести Официјално: Мадрид го доби најскапиот трансфер во историјата!

Официјално: Мадрид го доби најскапиот трансфер во историјата!

Тоа што се најавуваше изминатите денови сега доби и официјална потврда – португалската сензација Жоао Феликс се сели во Атлетико Мадрид.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Беше јасно кога Бенфика објави дека добила понуда од 126 милиони евра. После неколку потврди во текот на денешниот ден Атлетико најголемата ја чуваше за крајнот на денот.

Трансферот на Феликс е последниот потврден на официјалната страна на Атлетико Мадрид.

Атлетико ја победи големата конкуренција за младиот Португалец, кој во Мадрид ќе заработува 6 милиони евра по сезона.

Ова е биде најскап трансфер во историјата на Атлетико, но и на мадридскиот фудбал воопшто, бидејќи најскапиот трансфер на Реал изнесува 110 милиони евра.

Жоао Феликс одигра феноменална сезона во Бенфика во која постигна 20 гола и запиша 11 асистенции, па се етаблираше во еден од најголемите таленти во Европа, а во Атлетико пристигнува како замена за Гризман, кој најави заминување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…