Се чини дека ниту во еден клуб ова лето не беше толку прометно како во Атлетико Мадрид.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Иако Јорганџиите претходните години немаа бурни преодни рокови, особено поради забраната на ФИФА за донесување играчи, ова лето сепак тоа е надоместено.
Екипата која од клупата ја предводи Диего Симеоне ги продаде скоро сите најдобри играчи, но и донесе неколку квалитетни имиња.
Ванда Метрополитано го напуштија Антоан Гризман, Лукас Хернандез, Родри, Мартинс, Лусиано Вието, Бернард Менса, Хуанфран, Филипе Луис и Диего Годин. Клубот од нивната продажба заработи вкупно 280 милиони фунти и тешко е да се верува дека тоа ќе биде надоминато.
Сепак, мадридскиот клуб не седеше со скрстени раце, па на местото на споменатите фудбалери донесоа нови и не штедеа пари.
Најголемо засилување за клубот ова лето секако е Португалецот Жоао Феликс кој стигна за 113 милиони фунти. Освен него пристигнаа Маркос Љоренте, Фелипе, Ренан Лоди, Иван Шапоњиќ, Николас Ибанез и Хектор Ерера, а клубот потроши вкупно 176 милиони фунти.
Се очекува дека Атлетико овде нема да застане и до почетокот на новата сезона ќе донесе уште неколку нови фудбалери.