На прес-конференцијата на ФК Вардар освен што се зборуваше за ситуацијата во клубот и средувањето околу финансиите, тема беше и спортскиот дел. Тука зборуваше тренерот Александар Васоски и спортскиот директор Ѓоко Хаџиевски. Васоски најави дека репрезентативецот на Андора, Алберет Алведра ја завршува кариерата поради депресија и семејни проблеми. „Стоперот Алаверда има некоја скриена депресија поради семејни проблеми. Се обидувавме долго …