Дома Македонски спорт Мак фудбал Фудбалер на Вардар ја завршува кариерата поради депресија и семејни проблеми

Фудбалер на Вардар ја завршува кариерата поради депресија и семејни проблеми

На прес-конференцијата на ФК Вардар освен што се зборуваше за ситуацијата во клубот и средувањето околу финансиите, тема беше и спортскиот дел.

Тука зборуваше тренерот Александар Васоски и спортскиот директор Ѓоко Хаџиевски. Васоски најави дека репрезентативецот на Андора, Алберет Алведра ја завршува кариерата поради депресија и семејни проблеми.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Стоперот Алаверда има некоја скриена депресија поради семејни проблеми. Се обидувавме долго да се обидеме да го вратиме, но очигледно е дека сето тоа е неможно, па тој одлучи да ја заврши кариерата. Сето тоа ни носи дополнителни проблеми околу креирањето на тимот, но ние не смее да се жалиме, мора да се бориме до крај и во спортскиот дел исто како што раководството се бори за средување на финансиската ситуација“, изјави Васоски.

Изрази Васоски незадоволство и од судењето на последниот натпревар против Гостивар.

„Мора да се напомене катастрофалното судење на Стојанче Стојанов, кој не знам зошто но имаше многу тенденција во одлуките. Го помнам уште од пред неколку сезони и оној дуел против Шкендија“.

Следен предизвик за Вардар е натпреварот против Брегалница во Штип.

„Ни следува дуелот во Штип, се знае што значи тоа. Празник на фудбалот е секој меч против Брегалница во Штип. И противникот е во лоша серија резултатска, па тоа значи дека ќе биде вистинска битка за бодови. Се надевам дека од понеделник се надевам дека ќе стартуваме со тренинзи во Хиподром, и полека работите да се средуваат и на тој начин“, заврши стратегот на Вардар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Мотивациски говор на Гачевски и Михајлов: Еден за сите, сите за еден!🎥

Вардар и Детонит Плачковица денеска од 17 часот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица …