Дома Фудбал Српскиот играч за врска во солзи кога го напушти теренот. За него ЕП е завршено

Српскиот играч за врска во солзи кога го напушти теренот. За него ЕП е завршено

Репрезентацијата на Србија своите натпревари до крајот на ЕП ќе ги игра без Филип Костиќ, пренесуваат српските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Да потсетиме, Костиќ во солзи го напушти теренот во 43. минута од првиот натпревар од групата Ц против Англија, а повредата што ја заработи и поради која беше заменет значеше дека ЕП за него е завршено.

Покрај бодовите против Англија, Србија остана и без играч од средниот ред, играч на Јувентус кој покрива позиции на левата страна од средниот ред и на левото крило.

„Костиќ сигурно ќе оди на прегледи во текот на денот, но веќе е познато дека нема да го видиме на продолжението на натпреварувањето во Германија, а точно колку време ќе биде надвор од терените ќе биде објавено по магнетната резонанца. “, вели Телеграф.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пропуштениот пенал не му пречеше на Мбапе да ја однесе Франција до полуфиналето

Франција повторно е на полуфинале на светското првенство трет пат по ред. Како ПАМЕТНО да …