Репрезентацијата на Србија претрпе пораз од 0:1 во првиот натпревар на Европското првенство, а многумина ќе кажат дека во овој натпревар и беа оштетени за пенал.
Во прашање е ситуацијата кога Митровиќ се најде во ситуација во петерецот, но одзади го турна Киеран Трипе пред да се обиде да го совлада Пикфорд. Судискиот експерт Рака Ѓуровиќ смета дека Даниеле Орсато имал доволно причини да досуди пенал за Србија.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Според него во вакви ситуации интезитетот не е важен туку сопнувањето на фудбалерот.
„Можеше да досуди пенал во таа ситуација на Митровиќ. Интезитетот не е важен тука, беше сопнат. Чудно ми е што немаше реакција од ВАР собата“, објави Ѓуровиќ.
ВИДЕОТО ОД ТАА СИТУАЦИЈА МОЖЕТЕ ДА ГО ПОГЛЕДНЕТЕ – ТУКА.