Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Белингем: Ги истражував Србите, не верував дека се навистина толку добри

Белингем: Ги истражував Србите, не верував дека се навистина толку добри

На „ВЕЛТИНС арената“ во Гелзенкирхен, Англија ја победи Србија со 1:0 во првото коло од групата Ц.

Стрелец на победничкиот гол беше Џуд Белингем во 13. минута. Иако Англија влезе во натпреварот како големи фаворити, освен голот што го постигнаа во раната фаза и пречката на Кејн во 77. минута, не видовме ништо од нив.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Кејн и Белингем имаа само пофални зборови за играта на српската репрезентација.

“Знаев дека се брилијантни, дека имаат добри играчи на сите позиции. Ги истражував, не верував дека имаат толку многу добри играчи. Беше тешко, тие се одличен тим”, изјави Џуд Белингем по мечот, па додаде дека Англија е фаворит за титулата:

“Да, чувствуваме голема самодоверба. Моите соиграчи се одлични. Имавме план за игра и го следевме. Имаме голема самодоверба и мораме да го потврдиме тоа на теренот ако сакаме да одиме по пехарот”.

Пофални зборови за Србите упати и напаѓачот на Баерн и Англија, Хари Кејн.

„Кога сето тоа ќе го сумираме, победата беше заслужена. Најважно е да ја поминеме групата. Знаевме дека ни претстои тежок натпревар бидејќи Србија има неколку одлични играчи. Имаше дел од натпреварот во второто полувреме кога не принудија да се повлечеме на нашата половина и беше многу тешко да излеземе. На крајот, многу важна победа“, изјави Кејн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …