Италијански Јувентус е пред официјализација на трансферот на Даглас Луиз од редовите на Астон Вила, а овој трансфер би можел и да се разликува од останатите.
Имено, Бразилецот кој има 26 години и игра во средниот ред во Торино би можел да не пристигне сам. „Старата дама“ заедно со Луиз би можела да ја доведе и неговата девојка Алиша Леман која важи за најубавата фудбалерка во светот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Швајцарката во овој момент игра за женскиот тим на Астон Вила и зад себе има 100 настапи во Премиер лигата и Јувентус во неа гледа одлично засилување.
Женскиот тим на Јувентус во минатата сезона заврши на второто место во Серија А и така обезбеди место вл Игата на шампионите, а исто така во европската елита се враќа и машкиот тим на „старата дама“.