Реал Мадрид вчера со пресврт славеше во Ел Класико и победи со 2:1, а херој за „кралевите“ повторно беше Џуд Белингам. Белингам постигна два гола, а првиот беше вистинско ремек дело. Тој од почетокот на сезоната се наметна како лидер на Реал и еден од најдобрите играчи за врска во светот. Чави после мечот го анализираше настапот на Белингам и …