Дома Фудбал Лига на шампиони Чави искрен по поразот во Белгија: Загрижен сум…

Чави искрен по поразот во Белгија: Загрижен сум…

Tренерот на Барселона, Чави Ернандез беше критичен по натпреварот против Антверпен во Лигата на шампионите кои Каталонците го загубија со 3:2 во Белгија.

Чави призна дека е загрижен затоа што тимот не изгледал баш најдобро.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Загрижен сум затоа што на тимот не му е удобно. Имавме неколку лоши резултати и треба да се подобриме. Противникот создаде многу прилики и треба да сме самокритични. На крајот сепак ја постигнавме главната цел. Мораме да работиме многу, но добро е што се пласиравме во следната фаза и тоа како први во групата“, изјави Чави.

Кога се однесува натпреварот против АНтверп, Чави смета дека можеле многу повеќе да направат на почетокот од натпреварот.

„Можевме повеќе на почетокот. Не одигравме доволно добро. Не е пријатно чувството, навистина ни недостасувшае среќа на крајот. Во Лигата на шампионите секогаш е тешко, победивме против Порто кој беше најтежок противник во групата. Зад Барселона се неколку тешки години, но сега се вративме во нокаут фазата на турнирот кој беше наша цел“, истакна шпанскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Анчелоти потврди: Арда Гулер останува во Реал

Реал Мадрид славеше со 1-0 против Реал Сосиедад со голот на големиот турски талент Арда Ѓу…