Aктуелниот шампион на Барселона сезонава не игра како што се очекуваше, а поразот од Жирона во последното коло од Ла Лига веќе почнува да го тресе столчето на тренерот Чави Ернандез.
Каталонските медиуми пренесуваат дека Чави бил повикан на состанок со раководоството каде што требало да даде објаснување за лошите резултати и план како тие би биле подобри во иднина.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Засега Лапорта не размислувал за смена, но ако ситуацијата не се промени во следните неколку натпревари тогаш сигурно дека може да видиме промени.
Низ медиумите веќе се шпекулира со неколку имиња, а како опција се споменува уште Мичел кој прави чуда со Жирона, потоа Иманол Алгуацил од Реал Сосиедад, Тијаго Мота од Болоња и Рафа Маркез кој во овој момент работи во „Б“ тимот на Барселона.
На Чави најверојатно ќе му се даде време да ја консолидира формата до крајот на годината, па ако во тоа не успеа смената би можела да се случи на почетокот на 2024 година.