Фудбалерите на Интер вчера го победија СПАЛ на домашен терен со 2:0 во рамките на 27-то коло од италијанскиот шампионат, но победата ја платија скапо. Имено, во редовите на „нероаѕурите“ се повредија двајца фудбалери и тоа Брозовиќ и Миранда. Бразилецот го повреди носот, додека Хрватот има мускулна повреда. Како што пренесуваат италијанските медиуми, и двајцата се неизвесни за следниот натпревар …