Минатиот викенд фудбалерите на Интер доживеаа шокантен пораз од Болоња на домашен терен, па сега под знак прашалник им е ставено и третото место на табелата.
После тој пораз и елиминацијата од Купот почнаа жестоки критики за тренерот Спалети, а медиумите во Италија тврдеа дека е пред отказ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради тоа се огласи генералниот директор на „нероаѕурите“ Бепе Марота и потврди дека Спалети сигурно останува на кормилото на тимот.
„Имаше состанок после мечот со Болоња, но тоа е нешто нормално што го правиме после секој меч. Знаеме дека поминуваме низ тежок период и дека навивачте се разочарани, но позицијата на Спалети е сигурна“, изјави Марота.
„Нашата цел е да се пласираме во Лигата на шампиони, а моментално сме на третата позиција. Имаме простор за напредок, силен тим и одличен тренер. Убедени сме дека Спалети знае да ја преброди кризата“, додаде Марота.