Интер влезе во серија на лоши резултати, го загуби третото место на табелата, па јасно е дека „нероаѕурите“ мораат што побрзо да реагираат.
За да се врати на правиот пат Интер има потреба што побрзо да го изгледи односите со поранешниот капитен Мауро Икарди, кој е надвор од тимот откако му беше одземена капитенската лента.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пред мечот со Каљари, тренерот Спалети испрати силна порака до Икарди и изјави дека нема да зборува за играчите кои не се во тимот, по што следеше одговор на Аргентинецот преку Инстаграм.
Сепак, јасно е дека ваквата ситуација не му одговара на никого и Интер има потреба од Икарди на теренот, па медиумите во Италија пренесуваат дека следната недела ќе има средба во четири очи со цел да се реши ситуацијата пред мечот со Ајнтрахт во Лига Европа.
Доколку Икарди и Интер ги решат односите, напаѓачот сепак може да биде повикан за мечот од Лига Европа во четврток, пренесува „Газета дело спорт“.
#Inter, faccia a faccia Spalletti-Icardi: torna in Europa? https://t.co/0NoIN6jG0V #serieA #inter pic.twitter.com/flrd6z4m0s
— LaGazzettadelloSport (@Gazzetta_it) March 3, 2019
Потсетуваме, откако му беше одземена капитенската лента, Икарди одбива да игра и се жали на повреда во коленото. Од клубот му направија детални лекарски прегледи кои не покажаа проблеми во коленото, но Аргентинецот сепак се жали на болки.
Во моментов двете страни имаат желба да излезат од оваа „безизлезна“ ситуација, која за доброто на клубот и тимот треба да се реши што побрзо.