Ромелу Лукаку даде изјава во стилот на својот соиграч Златан Ибрахимовиќ. Ибра често пати знае за себе да каже дека е Бог, но и дека е лав. Лукаку по примерот на својот соиграч избра едно диво животно. „Јас сум како леопард во шеснаесетникот. Роден стрелец сум. Не знам многу напаѓачи од мојата генерација кои постигнале голови колку и јас“, изјави Лукаку. …