Дома Топ вести Aтлетико го „краде“ фантастичниот фудбалер на Јунајтед и тоа без оштета?!

Aтлетико го „краде“ фантастичниот фудбалер на Јунајтед и тоа без оштета?!

Атлетико Мадрид во ќе се обиде во своите редови да го доведе фудбалерот кој го загуби првотимскиот статус во Манчестер Јунајтед.

Станува збор за Шпанецот, Андер Ерера кој падна во втор план откако во клубот пристигна Немања Матиќ. Позитивна работа за „јорганџиите“ е што Ерера сеуште не се договорил со „ѓаволите“ за продолжување на договорот кој му истекува ова лето. Токму поради ваквата ситуација Атлетико со овој фудбалер би можел да потпише пред договор веќе во јануари, а тој би пристингал во текот на летото без оштета.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно, Манчестер Јунајтед сака да го задржи 28 годишниот фудбалер од средниот ред, но според „АС“ фудбалерот има голема желба да се врати во татковината и да го облече дресот на Атлетико.

Ерера минатата сезона беше избран за најдобар фудбалер на Манчестер Јунајтед, но тој во овој момент не е во прв план. На последните натпревари добиваше поголема минутажа, сепак тоа беше така поради повредата на Пол Погба кој наскоро се враќа во тимот.

На крајот се наведува дека Атлетико веќе остварил контакт со фудбалерот и се убедени дека ќе го убадат да стави потпис на пред договор во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Левандовски: Зошто би заминал од Барселона?

Полскиот напаѓач, Роберт Левадовски порача дека не размислува за заминување од Барселона, …