Дома Топ вести Откриени детали од најкотроверзниот трансфер во овој век!

Откриени детали од најкотроверзниот трансфер во овој век!

Нигерискиот играч за врска Џон Оби Микел летото 2006 година го замени дресот на норвешки Лин со оној на Челзи, иако претходно „потпиша“ за Манчестер Јунајтед.

Ова е само епилог на една од најинетресните трансфер стории од овој век. Микел имаше само 15 години кога Манчестер Јунајтед и Челзи почнаа да се борат за неговиот потпис. Резултат на се е компензацијата од 12 милиони фунти кои „сините“ мораа да им ја платат на „црвените ѓаволи“, но на крајот сепак го добија Микел.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес, 11 години подоцна, Микел одлучи да откри што се се случувало поврзано за овој трансфер, а ова се само најважните детали.

-Микел се преправал и возел во затемнет автомобил за да оди на тајни состаноци со Жозе Мурињо.

-Јунајтед му понудил плата од 1,5 милиони фунти иако само што завршил училиште.

-Микел два пати го одбил Фергусон во текот на тајните состаноци лице во лице.

-Барселона во последен момент се обидела да го спречи неговиот трансфер во Челзи.

„Беше неверојатно за мене. Бев на училиште, а два светски гиганти како Јунајтед и Челзи се обидуваа да ме ангажираат. Никогаш нема да го заборавам својот втор состанок со Фергусон. Постигнав договор со Манчестер Јунајтед, но морав да му кажам: „Извини, сакам да играм за Челзи“. Фергусон навистина ме сакаше, но видов колку е лут и разочаран и ме праша: „Зошто некој да го одбие Јунајтед? Ова е најголемиот клуб на светот! Не можеш тоа да го направиш, ова е одлука со која ќе мораш да живееш цел живот“, раскажува Микел.

Микел имал потпишано и договор со Манчестер Јунајтед, па подоцна Челзи мораше да им плати 12 милиони евра на „црвените ѓаволи“ како компензација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дани Алвеш ја згрозил шпанската јавност со потегот по излегувањето од затворот

Поранешниот бразилски репрезентативец, Дани Алвеш ја налути јавноста со потегот кој го нап…