Дома Фудбал Англија Идол на Рашфорд е човекот кој го „сруши“ Јунајтед на „Олд Трафорд“

Идол на Рашфорд е човекот кој го „сруши“ Јунајтед на „Олд Трафорд“

Еден од најдобрите фудбалери на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфрод пред репрезентативниот настап за селекцијата на Англија против Бразил зборуваше за неговиот идол од деството.

Англија и Бразил во вторник со почеток 20:45 минути играат пријателски натпревар на „Вембли“. На теренот ќе биде и Маркус Рашфорд кој откри дека негов идол е легендарниот Бразилец, Роналдо.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Роналдо играше на првиот натпревар кој го гледав во живо. Тие моменти никогаш нема да ги заборавам. Тоа беше 2003 година, а тој постигна хет-трик. Бев мал, но Роналдо беше омилен играч и на мојот брат, па така растев гледајќи ги неговите натпревари. Беше голем играч кој освои многу“, изјави Рашфорд.

Во натпреварот кој Рашфорд го гледал на „Олд Трафорд“ во рамките од четвртфиналето во Лигата на шампионите во 2003 година Јунајтед победи со 4:3. Роналдо постигна хет-трик што беше доволно неговиот Реал да го исфрли Јунајтед бидејќи „кралевите“ во првиот натпревар славеа победа со 3:1.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Влаховиќ е ниво на Халанд, но во Јувентус има друг проблем“

Иако, е често критикуван оваа сезона, Душан Влаховиќ е втор најдобар стрелец во Серија А с…