Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс кој дел од тимот од „Олд Трафорд“ стана во далечната 1990 година, а се пензионираше пред три години, зборуваше неговиот најемотивен момент во кариерата.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Велшанецот со Јунајтед успеа да стигне до 13 шампионски титули во Премиер лигата, четири пати го подигна трофејот во ФА Купот, а два пати се радуваше на освојување на најелитното европско натпреварување, Лигата на шампионите.
Како што открива Гигс неговиот најемотивен момент се случил во сезоната 1998/1999 токму во ова натпреварување кога Манчестер Јунајтед во епското финале го совлада германски Баерн Минхен.
„Единствениот момент поради кој плчаев во кариерата е финалето против Баерн Минхен, едноставно емоциите во тие моменти беа навистина пресилни“, изјави Гигс.