Помеѓу раководството на Манчестер Јунајде владее се поголемо убедување дека Жозе Мурињо наскоро ќе го напушти клубот од „Олд Трафорд“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Како што наведува „Тhe Sun“ директорите на Јунајтед се скоро сигурни дека Мурињо следното лето ја напушти клупата на „црвените ѓаволи“ и ќе премине во редовите на ПСЖ.
Иако официјалните информации говорат дека Мурињо е верен на Манчестер Јунајтед извори на „Тhe Sun“ тврдат дека „Специјалниот“ отворено „флертува“ со клубот од Париз и богатите сопственици.
Како причина реномираниот англиски весник ја наведува огромната финансиска моќ на ПСЖ која на Мурињо би овозможила создавање на супер-тим, иако ПСЖ и оваа сезона го има еден од најдобрите тимови во Европа, но наводно „специјалниот“ смета и дека Манчестер Јунајтед не ќе може да парира на градскиот ривал Манчестер Сити кој полека создава навистина моќен тим.
