Унгарски Веспрем денес славеше над Ѓунѓош во рамки на мечот од домашното првенство со убедливи 39:19. Во убедливиот триумф, сите ракометари на угарскиот првак се запишаа како стрелци на погодоци. Нашиот интернационалец, Дејан Манасков постигна 2 погодоци. Во следниот меч, Веспрем ќе се соочи со екипата на Флензбург во рамки на Лигата на шампионите.