Челниците на Барселона по завршувањето на преодниот рок признаа дека имале шанса да го донесат Филипе Кутињо. Сагата околу бразилскиот играч траеше неколку седмици, а по силните шпекулации Кутињо остана во Ливерпул. Од Каталонскиот клуб вчера порачаа дека имале прилика да го донесат Бразилецот бидејќи „Црвените“ им порачале дека тој може да замине ако за него платат 200 милиони евра. …