Дома Фудбал Останато Нејмар „ЕФЕКТ“: Меси фантастичен, Барса одлична, ПСЖ уште подобар!

Нејмар „ЕФЕКТ“: Меси фантастичен, Барса одлична, ПСЖ уште подобар!

Oва лето дојде до разделба помеѓу Меси и Нејмар, Бразилецот одлучи да премине во редовите на ПСЖ, но тоа барем засега не се чуствува во играта на Барса.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Напротив, Барса стартуваше одлично, Меси се враќа во препознатливата форма, а од друга страна и ПСЖ со Нејмар одлично започна, па трансферот на Нејмар на крајот можеби ќе се покаже како одличен потег за сите страни.

Нејмар од трансферот во ПСЖ одигра пет натпревари и запиша исто толку погодоци и асистенции. Од друга страна, Меси оваа сезона одигра шест натпревари, постигна осум погодоци, но не запиша ниту една асистенција.

Интересна е споредбата со статистиката на Меси од минатата година. Меси во овој момент има повеќе точни пасови, но помалку асистенции, повеќе удари кон голот, но и повеќе голови. Минатата сезона ова време имаше постигнато шест, а сега има осум.

Екипата на Барселона после двомечот во Супекупот на Шпанија, против Реал одигра четири натпревари и запиша исто толку победи. Од друга страна, ПСЖ оваа сезона одигра шест натпревари и не загубија ниту еден бод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Уапсен Рахим Стерлинг, возел дрогиран!

Рахим Стерлинг беше уапсен вчера под сомнение дека возел под влијание на дроги. Зошто проб…