Новото засилување од редовите на Барселона си постави цел, тој има намера да го достигне нивото на еден фудбалер кој обележа една цела „епоха“ на „Ноу Камп“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Станува збор за дефанзивецот Нелсон Семедо кој доби големи пофалби после натпреварот во кој Барселона славеше над Јувентус со убедливи 3:0.
Момчето кое беше доведен од Бенфика со цел конечно да се затвори „дупката“ на десната бековска позиција која се отвори уште со заминувањето на Дани Алвеш.
„Секој ден се трудам да напредувам. Свесен сум дека морам уште многу да работам. Моја цел е да стигнам до нивото на Дани Алвеш во своите најдобри денови. Се надевам дека ќе успеам во тоа. Имам доверба кај тренерот, неговите совети и пофалби многу ми помагаат“, изјави Семедо.